Партиите предвреме почнаа со кампањата. Почнаа ветувањата, а ретко ги има отчетите за сработеното.
Почнаа и барањата на албанските партии. Пак е на мета Уставот на Македонија. Едноставно, албанскиот политички блок како по некоја изборна шема повторно пред јавноста изнесува барања за нови и нови промени на уставноправниот и политички систем на државата.
Па така градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, кој сега сака, и ќе се кандидира за претседател на Македонија истакна дека има три главни заложби: Внесување на Бугарите во Устав, да ја снема во Уставот дефиницијата „20 отсто“ за албанскиот јазик и изборот на претседател на државата да се прави во парламентот.
Од ДУИ „запеаја“ слична песна.
Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме вашата доверба за да го избереме претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадентерово мнозинство, за да ја оствариме нашата визија за консензуален претседател, рече Али Ахмети.
Ахмети истакна и дека ДУИ нема да биде дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот за да се бира претседател во Уставот и да се внесат Бугарите во Уставот.
А, лидерот на ДУИ пред неколку недели истакна:
-Не се двоумев да кажам дека повеќе не сум потстанар, во мојата земја. Затоа, охридскиот договор ме прави господар во сопствената куќа, рече тој.
Целиот текст прочитајте го на Скопско ЕХО – ОВДЕ