Македонија

Ламбе Арнаудов на работен состанок со Унија на Ветерани Делчево и со претседателот на локалниот комитет Иван Гоцевски (ФОТО)

Ламбе Арнаудов на работен состанок со Унија на Ветерани Делчево и со претседателот на локалниот комитет Иван Гоцевски (ФОТО)

Еден од повозрасните личности, кои себеси многу се вложи во ВМРО-ДПМНЕ како партија, Ламбе Арнаудов, човекот кој своевремено лежеше по македонските затвори, денеска по долго време го посети градот Делчево и оддржа работен состанок со колегите од Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и Унија на Ветерани Делчево.

По однос на состанокот и темите на разговор, се огласи и претседателот на партијата Иван Гоцевски:

Денес по работниот состанок со Унија На Ветерани Делчево и Унија на Ветерани на Вмро-Дпмне можеме да констатираме дека СДС и ДУИ ја уништија државата затоа што милиони дадоа за тендери на фирми блиски до нив, а народот е оставен сам на себе.

Податокот кој сакам да го истакнам е дека во Македонија 96.000 пензионери земаат пензии до 13.300 денари, 60.000 пензионери од 13.300 до 16.000 денари, а 86.000 пензионери од 16.000 до 22.000 денари. Сите овие три категории, а особено првата и втората во која спаѓаат 156.000 пензионери за жал едвај врзуваат крај со крај!

Затоа планот на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари е важна мерката која мора да се преземе за доброто на нашите пензионери.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top