Македонија

Мицкоски: Анкетите се ЈАСНИ, ВМРО-ДПМНЕ има околу 23 % рејтинг, СДСМ околу 10 %, ќе имаме помеѓу 53-56 пратеници

Мицкоски: Анкетите се ЈАСНИ, ВМРО-ДПМНЕ има околу 23 % рејтинг, СДСМ околу 10 %, ќе имаме помеѓу 53-56 пратеници

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот дневник на Сител телевизија вели дека има примери каде што владеачките партии помагаат опозициски кандидати кои би биле опозиција на опозицијата, но дека тоа нема да помине и ќе биде препознаено од народот.

– Идниот претседател а тоа е професорката Гордана Силјановска Давкова ќе добие поддршка во сабота на конвенцијата за избор за Претседател на Македонија. Ние подолго време правевме анкети, меревме потенцијални имиња. Позади нејзината кандидатура застанаа десетици членови на конвенцијата, врвното раководство на партијата, а со тоа недвосмислено Силјановска Давкова ја доби поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ прави фолклор и обид за дефокус од криминалот во кој се фатени.

– ДУИ треба да знае дека ВМРО-ДПМНЕ диктати не прифаќа. Тоа треба да им биде јасно. Тоа е неприфатливо по ниту една цена. Со ваков тип на политики, не само во јавноста, туку и кон меѓународната заедница, јасно кажуваат дека тие не се европска партија. Ако пледирате да бидете државотворна партија, така треба и да се однесувате, рече Мицкоски.

Зборувајќи за внатрепартиските анкети, тој вели дека бројката која што би ја освоила ВМРО-ДПМНЕ е 22, 23 %, СДСМ околу 10 % проценти, албанската опозиција меѓу 6 и 6 и половина %, партиите „Знам“ и „Левица“ би се движеле околу 4 до 5 %.

– Во март ќе имаме анкети по изборни единици, ќе имаме поажурирана состојба, но ако ме прашате врз основа на овие бројки ценам дека ВМРО-ДПМНЕ би се движела меѓу 53 и 56 пратеника.

Најнови вести од Македонија

To top