Додека некој се занимава со црниот петок, вештерки и слични пророштва, денеска се објавени официјалните податоци за странските директни инвестиции во Република Северна Македонија за цела 2023 година.
Според Народната банка, вкупниот проток на СДИ за 2023 година изнесува 616,72 милиони евра.
Ако ги погледнеме податоците низ години, за периодот 2006-2016 година, вкупните странски директни инвестиции достигнаа 3.024,25 милиони евра или во просек 274,93 милиони евра годишно.
📉Додека пак, во временскиот период 2017-2023 година, вкупно 7 календарски години, вкупниот проток на СДИ во Северна Македонија достигна 3.237,03 милиони евра или во просек околу 462,43 милиони евра за секоја од последните седум години, напиша Вицепремиерот задолжен за економски прашања и инвестиции Фатмир Битиќи на фејсбук.
📈Има разлика. Дела, не зборови