Македонија

СДСМ во 3 ИЕ ќе ја предводи ОЛИВЕР СПАСОВСКИ и Љупчо Николовски: Ударната двојка ќе го повлече членството напред!

СДСМ во 3 ИЕ ќе ја предводи ОЛИВЕР СПАСОВСКИ и Љупчо Николовски: Ударната двојка ќе го повлече членството напред!

Се уште траат преговорите околу кандидатските листи за парламентарните избори. Владејачката партија СДСМ се поизвесно ќе оди самостојно, односно без коалиција со ДУИ или Алијанса на Албанците.

На 27-от Конгрес на партијата СДСМ, беше потврдена одлуката Стево Пендаровски да ги претставува на изборите за претседател, а веќе се кројат и парламентарните листи, за изборите на 8-ми мај.

Јасно е дека главен акцент ќе биде ставен на истокот или како што сите го знаат „верниот исток“, поради што и СДСМ ќе влезе со своите најсилни адути. Според неофицијални извори од партијата, Оливер Спасовски и Љупчо Николовски ќе биде ударната двојка од која ќе се очекува да го повлече членството на партијата, но и независните гласачи, со цел СДСМ да освои што е можно повеќе пратенички мандати, пренесува Исток3.мк.

Битката односно одлуката за победник на изборите се очекува да ја даде токму Изборната единица 3, а Спасовски и Николовски со големо задоволство ја прифатиле опцијата токму тие да бидат на браникот кој ќе ја донесе победата на СДСМ на овие избори, пишува порталот Исток3.мк, според извори од СДСМ.

Целиот текст прочитајте го

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top