СДСМ на овие избори ќе понуди луѓе кои ќе ги застапуваат интересите на граѓаните, кои ќе работат на развојот на нашата држава и ќе го забрзаат влезот на Македонија во ЕУ.
✅ Носител на листата на СДСМ и коалицијата во првата изборна единица ќе бидам јас, а како втора коносителка е мојата колешка, претседателка на ЛДП, Моника Зајкова – Monika Zajkova.
✅ Во втората изборна единица носител е Oliver Spasovski, а коносител потпретседателот Fatmir Bytyqi.
✅ Во третата изборна единица носител ќе е заменик претседателката Сања Лукаревска и Ljupcho Nikolovski како коносител.
✅ Во четворката се Венко Филипче и Јованка Тренчевска.
✅ Во петката претседателот на Собранието, Јован Митрески и Бисера Костадиновска Стојчевска.
✅ Во шестата изборна единица листата ја предводи мојата драга колешка од Владата и претседавач со ЦО, Славјанка Петровска, а коносител ќе биде Агрон Демири.
Ние со конкретни дела покажавме дека за нас нема друга визија и друг пат освен европскиот. На граѓаните им ветуваме надеж за подобра иднина и напорна работа секој ден. А со напорна работа, нема недостижна цел.