Македонија

Курто Дудуш МУ СЕ ПРИКЛУЧИ НА АЛИ АХМЕТИ во коалицијата

Курто Дудуш МУ СЕ ПРИКЛУЧИ НА АЛИ АХМЕТИ во коалицијата

Курто Дудуш, градоначалникот на општина Шуто Оризари и поранешен пратеник од СДСМ се приклучи на коалицијата со ДУИ, која од партијата ја нарекуваат Европски фронт.

Ова беше соопштено по средбата на Дудуш со претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

Според информациите, на коалицијата се приклучува и Турската демократска партија на Бејџан Илјас.

Пред неколку дена на Европскиот фронт му се приклучи партијата Народно движење предводена од Скендер Реџепи Зејд, а исто така ДПА на Мендух Тачи и Европската демократска Партијата предводена од Аријанит Хоџа.

Најнови вести од Македонија

To top