Македонија

Николовски: Димовски, да закаже седница на комисијата за земјоделство и најитно предложеното законско решение да биде разгледано и усвоено од Собранието

Николовски: Димовски, да закаже седница на комисијата за земјоделство и најитно  предложеното законско решение да биде разгледано и усвоено од Собранието

Од тука, од пред Собранието уште еднаш го повикувам претседателот на собраниската комисија за земјоделство Љупчо Димовски, да закаже седница на комисијата за земјоделство и најитно предложеното законско решение да биде разгледано и усвоено од Собранието. Со измените во законот за земјоделско земјиште предвидуваме можност земјоделците што имаат истечен договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост, да можат непречено да го користат, се до склучување на нов договор и за истото да остваруваат право на субвенции во периодот на изборниот процес.

👉Нагласувам дека предложените измени се системски бидејќи пополнуваат една огромна правна празнина, која сега и во иднина ќе ги засега сите закупци, односно преку 10.000 закупци. Како министер сум бил, и секогаш ќе бидам искрен партнер на секој еден земјоделец. И токму затоа како министерство навремено креиравме решенија за овој проблем, кои директно ги презентирав и беа прифатени од земјоделците, засегнати од ова прашање.

👉Ова пред се е важно бидејќи почнувајќи од овие првчни 172 договори, кои истекуваат во периодот декември 2023 март 2024 година, во следните месеци ќе истечат нови стотина договори, а секоја следна година по приближно 500 договори и секој од овие закупци, ќе се соочи со истиот проблем, со користење на земјиштето предмет на договор за закуп, кој истекол се до склучување на нов договор.

☝️Согласно законското решение, кое е наследено од претходната власт, продолжувањето на договорите, може да се случи дури по истекот на договорите за закуп и тоа во доста сложена постапка.

✅Исто така секторите на министерството секојдневно работат во подготовка на соодветните информации и одлуки, кои претходат на склучувањето на новите договори и досега се изготвени потребните Одлуки за сите договори, кои истекле заклучно со денешниот ден.

‼️Земјоделците знаат дека одговорноста за не донесувањето на овој закон има точно име и презиме, а тоа е претседателот на собраниската комисија за земјоделство Љупчо Димовски и пратениците од опозицијата, кој го блокираат овој закон, правејќи директна штета на повеќе од 200 земјоделски семејства.

➡️Линк до изјавата https://youtu.be/XJtohmboCRQ

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top