Македонија

Николовски од Делчево: Љупчо Ромовски е млад земјоделец, добитник на грант – фактите и бројките сами зборуваат

Љупчо Ромовски е млад земјоделец, добитник на грант од мерката “млад земјоделец” во износ од 10.000 евра.

Низ сите овие години, од 2017 до денес, преку сите мерки што ги имаат земјоделците на располагање, сме поддржале 2.689 млади земјодлеци, со поддршка вредна 1,5 милијарди денари.

Само минатата 2023 година, преку мерките за поддршка на малите винарии, малите дестилерии и малите производители на храна, сме поддржале 49 млади земјоделци, кои успешно аплицирале ги реализиарале овие мерки, поддршка вредна 27,7 милиони денари.

Со ИПАРД 2 програмата сме поддржале 1.212 млади лица, кои успешно реализирале инвестиции вредни над 8 милијарди денари.

Младите имаат предност и поголем процент на кофинансирање со ИПАРД програмата, а со новата ИПАРД 3 програма даваме и нова можност за авансна исплата од 50% на одобрената поддршка веднаш по потпишувањето, за сите апликанти.

Резултатите постигнати во земјоделството за овие 7 години, а ги има многу, се нашата најголема вистина.

Тука нема лажење. Фактите и бројките сами зборуваат.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top