Македонија

Лукаревска на средба со лекари од Велес: Здравствените работници го заслужуваат најдоброто, зашто здравјето е најважно

Лукаревска на средба со лекари од Велес: Здравствените работници го заслужуваат најдоброто, зашто здравјето е најважно

Во чест на Светскиот ден на здравјето,денеска во Велес, со моите пријатели лекари ги спомнавме големите имиња на заслужните за здравјето на велешани и на многу луѓе во Македонија. Д-р Цветан Арсов, со диплома број 1 на Медицинскиот факултет во Скопје, педијатар кој се грижел за здравјето на илјадници деца и мајки; д-р Димитар Смилев, основоположник на македонската стоматологија; д-р Никола Поп Стефанов, офталмолог со светско реноме и кариера…

И денес имаме медицински кадар кој е пожелен за светот, но е неопходен дома.

Затоа зборувавме за тоа што треба дополнително да направиме за здравството во иднина.

Здравствените работници го заслужуваат најдоброто, зашто здравјето е најважно.

Да го чуваме здравјето, да го зачуваме достоинството на здравствените работници и достоинството на пациентите.

Од срце од Велес, на сите здравствени работници, честит да е денот!

Најнови вести од Македонија

To top