Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски по вчерашниот пожар во Универзалната сала, објави хорнологија на настаните кои доведоа до пропаѓањето на објектот, со потсетување дека на својопт наследник Петре Шилегов му бил оставен готов проект.
„Во 2015г. падна дел од кровот на Универзалната сала поради што ја затворивме за користење.
Веднаш во соработка со Владата се направи проект во вид на Јајце.
Но поради тоа што беше многу скап ( околу 15 мил евра), а и поради реакции на граѓаните дека треба да се задржи постојниот изглед проектот не се реализираше.
Затоа се направи нов проект преку Универзална сала а во соработка со владата и министерството за култура и градот Скопје со кој се задржа постојниот изглед на куполата, се предвидоа дополнителни сали за манифестации и конференции.
Покрај тоа се предвиде и подземен паркинг кој овозможуваше подобра пристапност и функционалност на објектот.
Проектот беше готов кон крајот на 2016 и почеток на 2017г.