Македонија

Ванковска: Државата постои за граѓаните, а не граѓаните за државата

Ванковска: Државата постои за граѓаните, а не граѓаните за државата

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска, придружувана од носителот на ИЕ5, Јована Мојсоска претставувањето на програмата за претседател на Македонија го продолжи со средби со граѓани во Струга.

-Сега сум во Струга, еден град кој ме враќа дваесетина години наназад, во времето на отпорот на стружани кон територијалната организација која тогаш беше воведена. Можам да кажам дека мојот прв говор, обраќање од улица, пред граѓани беше овде. Градот е секако изменет но, луѓето ја споделуваат истата мака, а тоа е корумпирана локална власт, корумпирана центарлна власт и секако младите кои заминуваат. Практично се брише и дел од минатото.

Најнови вести од Македонија

To top