Мора да имаме уставен патриотизам. Мора да ги почитуваме основните одредби на Уставот, а особено Преамбулата тоа е едно мало текстче што му претходи на Уставот, ама тоа е филозофијата на Уставот, тоа е македонската уставно правна меморија.
-Велат, ние сме биле, односно јас сум велела дека ни треба граѓански устав и со тоа ќе сум ги заборавела Македонците. Местото на Македонците, на создавањето на македонската држава на растењето на македонската држава, е во преамбулата.
-Немаат право на тоа.Тие нас не направија горди, а овие нас не прават да немаме почит односно тие немаат почит и ги прават жртвите да не бидат горди на нас, рече Силјановска Давкова. Тоа мора да се смени, потенцираше претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.