На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“.
На свеченоста традиционално беа доделени и наградите „Златен лав“. За најдобар национален павилјон статуетката и е доделена на Австралија. Наградата за најдобро претставување на меѓународната изложба ја доби Матаахо колектив од Нов Зеланд. „Сребрен лав“ за перспективен млад уметник учесник на биеналето и припадна на Карима Ашаду од Велика Британија.
На официјална церемонија во Венеција денеска беше отворено 60-тото издание на Венециското биенале, кое ќе трае до 24 ноември. Темата на годинашното биенале е „Странци насекаде“. Во Венеција в
На Биеналето во Венеција годинава учествуваат 88 земји. Во фокусот на годинашното издание се темите за миграцијата, егзилот и „странското потекло“. Централната тема е „Странци насекаде“.
Отворен е македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ и Националната галерија на Македонија како официј
Во Венеција вчера беше отворен и македонскиот павилјон, во кој е поставен повеќеслојниот и трансмедијален проект на Славица Јанешлиева „INTER SPEM ET METUM“ („Помеѓу надеж и страв“) и Националната галерија на Македонија како официјален претставник на земјава на светската културна манифестација Венециско биенале 2024.
Проектот е изложен во зградата на Скуола деи Ланери (Scuola dei Laneri). Павилјонот е отворен за пошироката публика секој ден, освен понеделник, од 11 до 19 часот.
Повторно нашето културно богатство е стационирано на светската културна манифестација Венециско биенале. Делото на Славица Јанашлиева во контекст на годинашната тема „Странци насекаде“, со наслов „Помеѓу надеж и страв“ / „Inter Spem et Metum“ се занимава со аспектот на странецот, на „другиот“, виден низ многу слоевити нивоа на антиципација на контекстот, изјави комесарот на проектот Дита Старова Ќерими.