Мораме да обезбедиме пари ако сакаме да ги креираме овие 55.000 работни места односно тие пари да влезат во бизнисот за да може реалниот сектор да ги креира. Многу од бизнисмените, многу од луѓето од реалниот сектор ми велат, имаме потреба од луѓе, имаме потреба од нови вработувања, сакаме да ги платиме, имаме побарувачка од нашите комитенти, но за жал во овој период сме, би рекол во гард, затоа што прво сме несигурни со бизнис амбиентот што владее во државата во целост. И второ, она што за нас е важно е дека практично не владее правото и законите насекаде, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за МИА.
Мицкоски: По 8 мај следува економски бум, нема да се стимулира потрошувачката, туку инвестициите, ќе се слеат пари во реалниот сектор
