Македонија

Мицкоски: Платформата 1198 има проекти и од бизнис заедницата

Мицкоски: Платформата 1198 има проекти и од бизнис заедницата

Денеска со Стопанската комора Северо – Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок, објави лидерот Мицкоски.

Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.

Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.

Најнови вести од Македонија

To top