Македонија

Кафеаните од месец во месец СЕ ПОСКАПИ, СТАНУВААТ ЛУКСУЗ ЗА НАРОДОТ

Кафеаните од месец во месец СЕ ПОСКАПИ, СТАНУВААТ ЛУКСУЗ ЗА НАРОДОТ

Кафеаните од месец во месец СЕ ПОСКАПИ, СТАНУВААТ ЛУКСУЗ ЗА НАРОДОТ

Поскапувањата како да немаат крај. Од месец во месец одењето на ручек во ресторан или кафеана, како и „на кафе“ станува се поскапо, а вечерна веселба со пријатели веќе станува луксуз.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – мај година, во однос на истиот период лани, се зголемени за 5.9 %, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Во мај годинава, пак, во споредба со април, угостителските услуги поскапеле за 0.3 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите: Храна за 0.4 %, Алкохолни пијалаци за 0.5 % и Безалкохолни пијалаци за 0.6 %.

Во однос на мај минатата година, цените угостителските услуги се зголемени за 5.0 %.

Најнови вести од Македонија

To top