Македонија

Јанева: Посакувам успех на новата Влада и да ги промени затворските услови!

Јанева: Посакувам успех на новата Влада и да ги промени затворските услови!

Бевме една до друга соба, коректно поминавме. Ние во реалниот живот не се сретнавме, освен во затворскиот. Ние ги помагавме затвореничките заедно. За правниот дел е апсолутно, но и во делот на храна, облека сето тоа мислам дека беше се во ред. Со овие зборови Катица Јанева се обрати во однос на прашањето за Гордана Јанкуловска.

Таа посака успех на новата Влада и рече дека се надева дека ќе биде носител на промените во Македонија.

– Се надеваме на помилување за да ни се скратат некои маки. Треба да се променат условите, за да може да излезат повеќе жени да работат надвор. Се извинувам многу за недоразбирањето, се надевам дека со господинот Пандов ќе го надминеме. Јас во животот не сум го сретнала тој човек, но еве сакам да се разбереме, вели Јанева.

Катица Јанева, осудена во „Рекет“ и ексспецијална јавна обвинителка, во поткастот „Претрес со Ландов“ објасни дека себеси се гледа како слободна иако издржува затворска казна. Кажа дека лани користела одмор, викенди..

„Јас сум слободна, зошто мислите дека не сум… Од 2022 година одам на викенди, на седум часа..“, објасни Јанева.

Посочи дека само три месеци била целосно затворена, а потоа ги користи сите привилегии.

„Променети се условите, јас би можела да бидам вклучена и во пробацискиот систем. Времето за моја ресоцијализација помина“, додаде Јанева и посочи: „Користам седум часа, доволно да се излезе испазари.

Најнови вести од Македонија

To top