Македонија

ПЕХЧЕВО ВЕЧЕРВА Е БЕЗБЕДНО: Пожарникари од Берово и Делчево заедно со локалното население и пожарникарите од Пехчево создадоа противпожарни појаси!

ПЕХЧЕВО ВЕЧЕРВА Е БЕЗБЕДНО: Пожарникари од Берово и Делчево заедно со локалното население и пожарникарите од Пехчево создадоа противпожарни појаси!

Локалното население, заедно со пожарникарите од Пехчево, Берово и Делчево, со помош на општинската механизација успеаја да создадат противпожарни појаси против можното навлегување на пожарот во градот и селото.

Од ЦУК најавуваат дека утре наутро тука ќе се делува од воздухопловите.

Ноќва останува да се одбранат уште пет населени места од пожарите на територијата на Источна Македонија. Вечерва регистриран е пожар и на територијата на Општина Гостивар.

Состојбата е крајно сериозна, секој ден се појавуваат нови и нови пожари, а временската прогноза не е воопшто поволна, изјави Ангелов и додаде дека МВР засилено работи трагајќи по предизвикувачите на пожарите.

Најнови вести од Македонија

To top