Моето поимање за Одбраната на државата е дека тоа најпрво е чест и гордост, а после тоа е и право, но и должност на секој граѓанин.
За жал, нашата држава веќе подолг период не обучува кадар за сопствена одбрана, односно не обучуваме граѓани кои во случај на потреба би биле регрутирани за потребите на одбраната на државата. Дополнително, не обучуваме ниту персонал кој би го регрутирале во случај на потреба од елементарни или други видови непогоди. Имено, законската поставеност во одбраната и кризниот менаџмент е таква да работите ги извршуваат лица кои професионално се занимаваат со нив, односно за истото се платени. Според мене, треба да се направи анализа на фактичката состојба од аспект на заканите кои ги имаме самостојно како држава, но и како членка на НАТО и тука мислам и на конвенционалните но ии неконвенционалните закани и да се земе во предвид исплатливоста за враќање на воениот рок. Мислам дека не е добро да излегуваме со лични ставови За или Против, туку ако веќе се дава став, тоа да биде врз база на параметри.
Да преведам, потребно е да се види што добиваме како држава и како општество, а од друга страна колку тоа може да ја чини државата.
Што се однесува до модернизацијата, многу пати имам пишувано и зборувано во минатото. Министрите на СДС Шекеринска и Петровска направија пустош со капацитетите на македонската армија, односно ги уништија способностите. Значи треба паралелно да градиме капацитети и да вршиме модернизација, што е скап процес.