Како Влада остануваме на ставот дека предвремени избори се само дополнителен трошок – одговори Митева.
За ставот на опозициската СДСМ дека шпекулациите за раскол во партијата доаѓаат од кујната на власта, од Владата немаат коментар.
– Очигледно станува збор за политичка опција во којашто се случуваат многу голем број на проблеми, но како влада нема да коментираме за тоа што се случува во рамки на нивната политичка партија – рече владината портпаролка Марија Митева.
Од СДСМ и денеска излегоа со повик до Владата доколку е подготвена за предвремени парламентарни избори да го направат тој чекор, а од Владата одговорија дека предвремените избори се дополнителен трошок.