Македонија

Владата најавува ригорозни мерки ако се зголемат цените на прехранбените производи

Владата најавува ригорозни мерки ако се зголемат цените на прехранбените производи

Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените на прехранбените производи
Од Владата најавија дека доколку повторно има зголемување на цените на прехранбените производи, ќе бидат преземени поригорозни казни. Оттаму се задоволни од ефектите од есенската потрошувачка кошничка, а најавуваат во следниот период и божиќна кошничка, рамазанска, велигденска,… кои ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните. Овие мерки ќе имаат ограничено времетрење од 15 до 30 дена.

Владата најавува поригорозни казни ако се зголемат цените на прехранбените производи
По завршување на есенската потрошувачка кошничка на крајот на октомври со која со одлука на Владата беше ограничената профитната маржа на 73 основни прехранбени производи, вчера опозициската СДСМ до Собранието достави Предлог измени за укинување на ДДВ-то од пет на нула проценти за сите основни прехранбени производи.

Со ваквиот предлог, според проценките на СДСМ, граѓаните ќе имаат месечна заштеда од 1.200 до 2.000 денари.

– Она што е најважно е дека за спроведувањето на Предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски, изјави вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче, повикувајќи ги сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законското решение.

Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека нема да дадат поддршка на законското решение бидејќи според нив тоа нема да придонесе за зголемување на квалитетот на живот на граѓаните, туку се работи за креирање на дневно-политички теми.

Пратеникот Бојан Стојановски во изјава за медиумите рече дека владата на СДСМ четирипати одбила такво законско решение.

– Да ја потсетам јавноста, го покачија ДДВ на над 2000 прехранбени производи од 5 на 10 отсто и ни делеа нутриционистички совети дека голем дел од таа прехрана не била здрава, па затоа се покачува данокот. Апсолутно нема врска со вистината дека потрошувачката кошничка се намалила само за 57 денари. Да ги слушаа синдикатите и да имаа посериозна комуникација со нив, ќе знаеја дека тоа не е вистина, бидејќи цената за храната за 30 дена се намали за 965 денари. Манипулацијата со цената на минималната синдикална кошничка ја прави Венко Филипче, искористувајќи го покачувањето на цената на облеката, којашто воопшто не е во иста кореспонденција за она што нам ни е укажано, рече Стојановски.

Од Владата најавија дека доколку повторно има зголемување на цените на прехранбените производи, ќе бидат преземени поригорозни казни. Оттаму се задоволни од ефектите од есенската потрошувачка кошничка, а најавуваат во следниот период и божиќна кошничка, рамазанска, велигденска,… кои ќе се однесуваат на различни производи зависно од потребите на граѓаните. Овие мерки ќе имаат ограничено времетрење од 15 до 30 дена.

Најнови вести од Македонија

To top