Македонија

Како може некој да се нарече темел на минатото, кога сè што остави зад себе се рушевини?

Како може некој да се нарече темел на минатото, кога сè што остави зад себе се рушевини?

Како може некој да се нарече темел на минатото, кога сè што остави зад себе се рушевини? Како може да се биде водилка за иднината, кога иднината ја продаде за празни ветувања? Промена на име, симбол, идентитет – дали ова се темелите на една држава или каменот што ѝ беше врзан за вратот?

Држава не се гради со играње фудбал во министерствата, туку со работа за народот. Не се слави со родендени на политички лидери во државни објекти, туку со почит кон симболите и историјата. Не се зборува за темели, додека си го понижувал својот народ и си ја претворил татковината во шега пред светот.

Каде се тие „брда и долини“ што ги ветуваа? Каде е подобриот живот, подоброто утре? Нема ни темели, ни покрив, ни патишта. Само празни зборови и одекот на срушените надежи на еден народ кој заслужува многу повеќе.

Темелот на минатото не е во тоа што си ја раскрчмил историјата, идентитетот и гордоста. Темелот на државата се луѓето кои веруваат во својата земја, кои ја сакаат и кои се борат за неа.

Затоа не зборувајте за себе, СДСМ. Не сте темел. Вие сте доказ како може една држава да се уништи одвнатре, од тие што требаше да ја чуваат и градат. Но, македонскиот народ е посилен од вашите лаги и манипулации. Македонија ќе се издигне повторно, и ќе го стави вистинскиот темел – љубовта и посветеноста на својот народ.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top