Македонија

Мицкоски: Историски момент – јакнење на македонско-американските врски на највисоко ниво“

Мицкоски: Историски момент – јакнење на македонско-американските врски на највисоко ниво“

Во САД имавме навистина содржајни средби што траеја повеќе од час и половина, каде ги претставиме нашите приоритети како Влада, кои се потенцијалите на државата, но истовремено и предизвиците со кои се соочувавме во минатото и со кои ќе се соочуваме во иднина. Мислам дека испративме порака дека оваа Влада како стратешки партнер на САД, има намера да ги јакне врските меѓу двете земји уште повеќе и на уште повисоко ниво, а тоа значи сигурна иднина за македонските граѓани, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Би сакал да кажам дека треба на самиот почеток на администрацијата на Трамп да ги поставиме работите и би рекол дека никогаш немате втора шанса за прв впечаток. Многу е важно да го оставиме првиот впечаток и да бидеме тука на самиот почеток на функционирањето на оваа администрација и мислам дека ние успеавме. Во периодот кој што следи, голем дел од тие средби дополнително ќе ги објавуваме како и резултатите од сето ова. Мислам дека испративме порака дека оваа Влада како стратешки партнер на САД има намера да ги јакне врските меѓу двете земји уште повеќе и на уште повисоко ниво – додаде Мицкоски.

Тој ја спомена и средбата со Крис Павловски, сопственикот на Рамбл компанијата, со македонската дијаспора, како и со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, при што меѓудрутото, се разговарало и за предизвиците на Балканот.

Прашан за ставовите на опозицијата, Мицкоски посочи дека опозицијата не ја гледа суштината, а тоа е дека она што се случи во Вашингтон се моменти кои можеби се одлучувачки за иднината на нашата држава.

– Јас ги следам случувањата дома и тоа што го прави опозицијата и поединци блиски до опозицијата за мене е разбирливо. Нормално е дека тие сакаат тема на оваа посета да биде дали сме добиле покани, дали некоја ПР агенција ни ги набавила тие покани, дали сме ги купиле. Тие не сакаат да ја гледаат суштината. Во периодот што следи ќе видат за некои работи кои се случуваа во Вашингтон, а се практично моменти кога можеби се одлучува суштината и за иднината на Македонија и иднината на граѓаните. Не е добро што одбрале таков начин, но во ред, сепак тие си имаат своја стратегија – рече Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top