Денеска, имавме конструктивен разговор со министерката за енергетика рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Фокусот на средбата беше изнаоѓање на начини и нови можности за искористување на природните богатства во нашата општина на одржлив и рационален начин, со зголемен бенефит за локалната заедница.
Разговаравме за актуелните предизвици во енергетскиот сектор и за важноста од креирање на долгорочна стратегија за искористување на ресурсите, како и потенцијалот за искористување на дополнителни природни богатства кои се наоѓаат на територијата на нашата општина.
Во рамки на приемот и кратката работна средба, изразив задоволство и голема благодарност до министерката и нејзиниот тим, за зголемувањето на надоместоците од експлоатација на природни ресурси за цели 100%. Оваа одлука е од суштинско значење за економскиот развој на Македонска Каменица и ќе придонесе за подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани.
Денешната средба, ја потврдува нашата посветеност кон продлабочување на соработката со Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со цел да обезбедиме одржлив развој на нашата општина.