На владина седница е донесена одлука со која, како и што ветивме, се ставаат на располагање на стопанството сума од 250 милиони евра за инвестиции и развој на домашните компании, рече премиерот Христијан Мицкоски на прес конференција која ја одржа со министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.
Мицкоски истакна дека ова историски досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ кој до сега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие можат да ги користат овие пари преку давање би рекол за денешните пазарни услови, супер ниска каматна стапка.
– Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие пари ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии кое со цел воспоставување на кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва и одобри на Развојната банка, бескаматен заем во износ од 250.000.000 евра, рече Мицкоски.
Како што појасни премиерот, Развојната банка ќе ги стави на располагање на банките учеснички преку Рамковен договор за учество со намена финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски субјекти запишани во Трговскиот регистар.