Толпата граѓани, кои попладнево се собраа во чест на трагично загинатата Фросина Ќулакова, стигна пред Собранието на Република Македонија.
Исполнети со тага и со револт, присутните скандираа „Убијци!“ и „Сакаме правда!“, барајќи одговорност и системски промени за поголема безбедност на улиците.
– Оваа институција треба самата да иницира законски промени, а не да ги чека институциите – порача еден студент.
Присутните граѓани ги повикаа пратениците да најдат решение.
Но, не само решение, туку и одговорност – порача студентот.
Пред зградата на Парламентот се одржа триминутен молк – симболично се оддаде почит на Фросина, но и на сите останати жртви на сообраќајните несреќи.
Претходно, дел од граѓаните потенцираа дека овој протест не е само за Фросина, туку и за сите пешаци чии животи згаснале на булеварите поради неконтролираната брзина, невниманието и неказнивоста.
Толпата ќе се упати кон Обвинителството.