Македонија

ЛИДЕР го објави името на СУДИЈКАТА која го ослободила од притвор возачот кој ја усмрти Фросина

ЛИДЕР го објави името на СУДИЈКАТА која го ослободила од притвор возачот кој ја усмрти Фросина

Станува збор за судијката Даниела Алексовска Стојановска, која на 31 Јули 2024 пресудила воспитна мерка – упатување во воспитно поправен дом во согласност со Законот за правда на децата при што ја укинала притворската мерка и Јанев се нашол на слобода. Обвинението од ОЈО било поднесено на 2 април, а МВР поднело кривична пријава само три дена претходно, откако во рација во неговиот дом пронашле над 80 паковки со амфетамин.

Сторителот во моментот на сторувањето на делото бил полнолетен, но затоа што станува збор за помлад полнолетник него му било пресудено да оди во поправен дом. Според адвокатската фела, многу е ретко ваква пресуда да се даде на некој што бил уапсен со волкава количина на дрога.

Сепак, правниците тврдат дека судијката Даниела Алексовска Стојановска е судија со интегритет и дека е позната по тоа што сака на младите да им дава шанса и не веруваат дека станува збор за трговија со влијание или некаква корупција.

Целиот текст на ЛИДЕР прочитајте го ОВДЕ

Најнови вести од Македонија

To top