Македонија

Христијан Мицкоски – стожер на државничкиот суверинитет и непоколебливата македонска иднина

Христијан Мицкоски – стожер на државничкиот суверинитет и непоколебливата македонска иднина

Христијан Мицкоски и неговата Влада продолжуваат да водат принципиелна и независна надворешна политика, која е во целосна синхронизација со стратегиските интереси на Македонија и нашите сојузници. За разлика од претходните влади, кои ја продадоа националната гордост и го променија името на државата под изговор дека тоа ќе нè внесе во Европската Унија, денешната Влада не дозволува нови уцени и не се повлекува пред неразумни барања.

СДСМ, партијата која некогаш се фалеше со својата лојалност кон меѓународниот фактор, сега во паника се обидува да го оцрни Мицкоски со лажни обвиненија за изолација. Прво го напаѓаа дека е антиамериканец, а сега, кога тој демонстрира заеднички став со САД, тие повторно негодуваат. Очигледно, СДСМ не знае каде тера и нема конзистентна политика.

Прашањето што се поставува е – зад кого навистина стојат СДСМ? Дали зад ставовите на Левица и Димитар Апасиев, кои отворено ја поддржуваат Русија? Наместо со факти, тие се служат со таканаречени аналитичари кои, очајнички обидувајќи се да го одбранат Заевизмот, дури се дрзнуваат да го нарекуваат Доналд Трамп „рекетар“ и „труп“. Очигледно, сето ова е координирана кампања на нивните спонзори, кои не можат да се помират со реалноста дека Македонија конечно има Влада која го штити македонскиот интерес.

Денес, со владата на Мицкоски, достоинството на Македонецот е повторно вратено. Владата презема соодветни мерки за заштита на националните интереси, додека истовремено одржува стабилни и партнерски односи со САД. За разлика од времето на Заев, кога Македонија беше третирана како пијон на геополитичката сцена, денешната власт покажува дека Македонија е држава што заслужува почит и не прифаќа диктати.

Бугарија, со поддршка на некои поранешни европски лидери, се обидува да наметне нови услови, кои немаат никаква врска со европските вредности. Но, за разлика од претходната влада, која подлегнуваше на секоја уцена, Владата на Мицкоски не дозволува Македонија повторно да биде понижувана. Време е да ставиме крај на политиката на капитулација и да покажеме дека Македонија е држава со интегритет и достоинство.

Христијан Мицкоски води политика која го штити македонскиот национален интерес, го унапредува партнерството со САД и не дозволува нашата држава повторно да биде предмет на геополитички игри. Македонија е исправена, гордо чекори напред и никој повеќе нема да си игра со неа!

To top