Македонија

Мицкоски ја крева Македонија, додека политичките трговци тонат во заборав!

Мицкоски ја крева Македонија, додека политичките трговци тонат во заборав!

Македонија конечно тргна во вистинската насока! Со мудрост, храброст, визија и трпение, премиерот Христијан Мицкоски ја враќа државата онаму каде што ѝ е местото – меѓу гордите и достоинствени нации, кои самостојно ја креираат својата иднина. По години на национални порази, понижувања и криминал, конечно имаме лидер кој не прави компромиси на штета на Македонија, туку чекор по чекор ја гради иднината што овој народ ја заслужува.

За разлика од минатата власт, која тргуваше со името, потпишуваше штетни договори со Бугарија и ја предаде земјата во рацете на ДУИ и нивните криминални структури, денес имаме лидер кој со подигната глава и непоколеблива решителност ја брани државата. Времето на милионски криминали, лаги и злоупотреби, време во кое Владата на ДУИ – СДСМ ја претвори Македонија во личен банкомат, конечно е зад нас! Народот повеќе нема да дозволи да биде жртва на политичари кои единствено се грижат за својот личен интерес.

Каде е денес „правдата“ што СДСМ ја ветуваше? Каде е „мирот“ за кој говореа? Тие што најмногу зборуваа за правда, ја погребаа правдата! Никогаш во историјата на Македонија немало поголема неправда, поголем криминал и поголеми предавства отколку за време на СДСМ и нивните партнери. Од криминалот во Лотарија, преку бесрамното расипништво на нивните функционери, до бегството на човекот кој наместо премиер беше кошаркар во сопствениот кабинет – ова е наследството што тие ни го оставија! Народот сè уште ги чувствува последиците од нивното владеење, но сега конечно има надеж, затоа што има премиер кој работи за доброто на државата!

А што прават оние кои народот ги избриша од политичката сцена? Поранешниот претседател Стево Пендаровски, кој доживеа катастрофален пораз на изборите, сега од сенка се обидува да држи лекции и да ја напаѓа Владата. Тој, кој беше кандидат на Зоран Заев, човекот кој ја продаде Македонија, сега ни зборува за дипломатија и односи со САД! И тоа само затоа што премиерот Мицкоски успеа да изгради силни и чесни односи со нашиот најголем стратешки партнер – Соединетите Американски Држави и нивниот претседател Доналд Трамп. Тоа е она што ги боли – што Македонија конечно има лидер кој не витка кичма и кој достоинствено ја води државата!

Додека Заев се шета во Дубаи и ужива во луксуз, додека неговите „експерти“ нè убедуваат дека оваа Влада е лоша, народот гледа кој навистина работи за Македонија. Осум години нивната политика се сведуваше на сервилност, фотографирање со европски бирократи и прикажување како големи европски политичари, додека ја уништуваа државата. За разлика од нив, Мицкоски за само осум месеци направи повеќе отколку што тие направија за осум години. Тоа е разликата помеѓу вистински лидер и политички трговци.

Македонија конечно е на вистинскиот пат! Време е за работа, за напредок и за создавање иднина во која секој граѓанин ќе биде горд на својата татковина. Со Мицкоски како премиер, Македонија оди напред, со крената глава и без страв од иднината!

To top