Македонските граѓани и државата како целина очекуваат јасен и вистински пат кон Европската Унија – без лаги, без политички сопки и без нови пречки! Народот бара чесен и праведен однос од Брисел, но за жал, со актуелниот пристап на ЕУ кон Македонија, наместо приближување, се создава ризик од зголемување на анти-ЕУ расположението. Ова не му одговара на народот, туку само на оние што имаат скриени агенди и работат во корист на туѓи интереси.
Но, Владата на Христијан Мицкоски е тука да покаже дека Македонија нема да биде жртва на неправди, корупција и криминал! Борбата против корумпираните судии, против криминалните структури кои со години ја злоупотребуваа правдата, продолжува со несмален интензитет! Последниот бастион на криминалот се оние што денес носат спорни судски одлуки и обвиненија, но времето на неказнивост завршува!
Секоја чест на исклучоците – на чесните судии и обвинители кои работат по закон! Но за оние кои се трујат од партиски и лични интереси, кои работат против системот и правдата, историјата ќе ги запише на темната страна! Владата на Мицкоски нема да дозволи овие поединци да го држат народот во заложништво – правдата ќе дојде, а тие што мислат дека можат да манипулираат со системот ќе се соочат со последиците!
Оваа Влада нема само да зборува – ќе делува! Премиерот Христијан Мицкоски досега докажа дека зборот му тежи – сè што вети, исполни! Така ќе биде и овој пат! Македонија ќе ја добие правдата што ја заслужува, а оние што мислат дека можат да продолжат со злоупотреби, многу брзо ќе се соочат со вистината!
Напред со одлучност, со храброст и со Македонија во срцето!